21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден од Варшава: Војната нема брзо да заврши, Путин не е заинтересиран...

Бајден од Варшава: Војната нема брзо да заврши, Путин не е заинтересиран за никакви преговори

Во својот говор во Варшава, американскиот претседател, Џо Бајден ја спомена борбата меѓу комунизмот и Западот за време на Студената војна.

„Тоа беше борба за слобода, борба меѓу слободата и репресијата“, рече Бајден.

Тој предупреди дека војната во Украина нема брзо да заврши, додавајќи дека луѓето „мора да се подготват за долгата борба што претстои“. Оваа борба нема да заврши во наредните денови или месеци, рече Бајден.

„Русија ја задави демократијата. Тврдењето на Путин дека ја денацизира Украина е непристојно“, рече тој.

„НАТО е одбранбен сојуз кој никогаш не барал пад на Русија“, им рече тој на собраните. Во еден момент се закани: Земјите на НАТО се едно, така што Путин не треба ни да помисли да ги нападне, заклучи Бајден.

Тој испрати и порака до Украинците: „Ние стоиме покрај вас“.

Додаде дека Путин не е заинтересиран за никакви преговори.

Исто така, според него, „рубљата се претворила во пепел како резултат на санкциите“

Говорејќи во Варшава, Бајден рече дека одбива да верува дека обичните луѓе во Русија ја поддржуваат инвазијата на Украина.

„Оваа војна ја води Русија назад во 19 век“, рече тој, додавајќи дека „Европа мора да ја прекине својата зависност од руските фосилни горива“.

„Најголемиот напредок се случува во најтемните моменти од историјата“, рече Бајден, потсетувајќи на падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година.

„Не плашете се“, рече Бајден, додавајќи дека „диктаторот никогаш не може да ја избрише желбата на народот за слобода“.

На крајот од својот говор, Бајден, зборувајќи за Владимир Путин, рече: „Побогу, овој човек не може да остане на власт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП