25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна долгоочекуваниот „Maserati Grecale“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна долгоочекуваниот „Maserati Grecale“ (ФОТО/ВИДЕО)

Откако минатата недела ги објави плановите за електрификација, „Maserati“ официјално го претстави долгоочекуваниот теренец „Grecale“.

Да потсетиме, неговата промоција требаше да се одржи на 16-ти ноември минатата година во Милано, но тогаш беше одлучено да се одложи поради глобалниот недостиг на полупроводници.

Во секој случај, „Grecale“ (именуван по медитеранскиот ветер) е „SUV“ помал од сегашниот модел на „Levante“, базиран на платформата „Giorgio“ што ја користи, меѓу другите, и „Alfa Romeo Stelvio“, а ќе се произведува во фабриката „Cassino“ во Италија.

Поточно, „Grecale“ е долг 4.846 mm, широк е 1.948 mm, а висината е 1.670 mm, додека меѓуоскиното растојание изнсува 2.901 mm.

Еве забелешка дека верзиите „Grecale Modena“ и „Grecale Trofeo“ имаат 34 mm пошироко меѓуоскино растојание во споредба со основната верзија на „Grecale GT“.

Според претходните најави, новиот „SUV“ ќе има најдобар сооднос моќност/тежина во својата класа, лесна платформа и „супериорно управување“.

На врвот на гамата е „Grecale Trofeo“ со 3,0-литарски твин-турбо V6 мотор со 523 ks и 620 Nm (има и систем за деактивирање на цилиндрите), максималната брзина е 285 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h е потребно 3,8 секунди.

Подолу во гамата се „Grecale GT“ и „Grecale Modena“ со 2.0-литарски четирицилиндричен благ-хибриден погон (со 296 ks и 450 Nm и 325 ks и 450 Nm соодветно). „Grecale GT“ и „Grecale Modena“ достигнуваат 240 km/h, а до 100 km/h забрзуваат за 5,6 и 5,3 секунди, соодветно.

Сите варијанти се со погон на сите тркала.

Исто така, внатре има два дисплеја (12,3 и 8,8 инчи), како и пет режими на возење („COMFORT“, „GT“, „SPORТ“, „RACE“ и „OFF-ROAD“).

„Grecale“, меѓу другото, ќе се натпреварува со „Macan“ на „Porsche“, додека почетокот на пазарот е најавен за третиот квартал од оваа година (во САД на крајот на годината).

Подоцна дојде и целосно електричната верзија (електричен мотор 800 Nm, батерии од 105 kWh).

Што се однесува до плановите за електрификација, „Maserati“ најави додавање на електрични верзии на сите модели во својата гама до 2025-та година. Италијанскиот производител на автомобили потоа планира да ги укине моделите со „SUS“ мотори до 2030-та година за да го направи целосно електричен.

Секој модел на „Maserati“, од теренецот „Grecale“ до суперавтомобилот „MC20“, во иднина ќе има свој електричен пандан. Електричните модели на „Maserati“ ќе бидат дел од палетата „Folgore“, која ќе биде ознака на производителот на автомобили за нивните „EV“ модели. Електричната верзија на новиот теренец „Grecale“ треба да пристигне во 2023-та година, една година по стандардниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП