2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Криптовалутите се користат за да се заобиколат санкциите против Русија

Лагард: Криптовалутите се користат за да се заобиколат санкциите против Русија

Има индикации дека Русите се обидуваат да ги заобиколат санкциите наметнати од војната во Украина со конвертирање на руските рубљи во криптовалути и стабилни коини. Ова го предупреди гувернерката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, цитирана од „Bloomberg“.

„Гледајќи ги количините на рубљи претворени во стабилни коини, криптовалути – тие моментално се на највисоко ниво од можеби 2021-ва година“, рече Лагард за време на дигитален настан.

„Криптовалутите секако се користат додека зборуваме, како начин да се заобиколат санкциите наметнати на Русија од многу земји ширум светот“, рече гувернерката на ЕЦБ.

Мерките што ги објавија САД и Европската унија (ЕУ) имаат за цел да ја ограничат способноста на Русија да работи во долари или други национални валути. Санкциите вклучуваат и ограничувања за банките и руската елита.

Ова доведе до шпекулации дека криптовалутите – кои се промовираат како алтернатива на традиционалните финансиски системи – може да се користат како алатка од богатите руски граѓани за заобиколување на санкциите.

Од минатата недела, нема докази дека Русија или претседателот Владимир Путин користат криптовалути за оваа намена, според Џонатан Левин, ко-основач на компанијата за анализа на блокчејн „Chainalysis“.

Тој и голем број експерти од областа му кажаа на Комитетот за банкарство на Сенатот на САД дека криптопазарот е премногу мал за да се заобиколат санкциите во голем обем. Сепак, Фабио Панета, член на Управниот совет на ЕЦБ, го поддржа ставот на Лагард, посочувајќи дека дигиталните токени би можеле да бидат „голема врата“ во срцето на финансискиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП