26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„LG Energy“ и „Stellantis“ заедно ќе инвестираат 1,5 милијарди долари во Канада

„LG Energy“ и „Stellantis“ заедно ќе инвестираат 1,5 милијарди долари во Канада

Јужнокорејскиот производител на батерии „LG Energy Solution Ltd.“ (LGES) планира да инвестира 1,5 милијарди долари за да основа заедничко вложување со „Stellantis NV“ во Канада.

„LGES“ ќе поседува 51% од заедничкото вложување привремено наречено „LGES-STLA JV“, а „Stellantis“ останатите 49%.

Јужнокорејската компанија додаде дека нејзиниот одбор на директори одобрил гаранција за долгот од 627 милиони американски долари за заедничкото вложување со „Stellantis“.

Во октомври, „LGES“ и „Stellantis NV“ основаа заедничко вложување за производство на батерии за електрични возила, со цел да започнат со производство на батерии до првиот квартал на 2024-та година, со планиран годишен капацитет за производство од 40 гигават часови.

Во посебна изјава до канадските регулатори, „LGES“ рече дека планира да стекне удел од 542 милиони долари во „ES America“ за да ја задоволи побарувачката од американските стартапи за електрични автомобили.

„LGES“ размислува да изгради фабрика во Аризона за да ги поддржи своите операции на американскиот пазар. Станува збор за производство на претежно цилиндрични батерии, велат извори запознаени со темата.

Групацијата има своја фабрика во Мичиген и две заеднички вложувања за батерии со „General Motors Co.“ во Охајо и Тенеси.

„Размислуваме за нова производствена локација, но сè уште ништо не е решено“, рече портпаролот на „LGES“.

Групацијата, која е снабдувач на компании како што се „Tesla“, „GM“ и „Volkswagen“, моментално развива производствени капацитети во САД, Кина, Полска, Индонезија и Јужна Кореја.

Компанијата успеа да ја направи најголемата иницијална јавна понуда во историјата на акциите на Јужна Кореја претходно оваа година, собирајќи повеќе од 12 трилиони вона (10 милијарди долари). Вредноста на огласот е значително повисока од ИПО-то на претходниот рекордер на „Samsung Life Insurance“ од 2010-та.

За време на корпоративниот настан на 10 јануари, главниот извршен директор на „LG Energy“, Квон Јон-су изјави дека компанијата ќе ги зголеми производствените капацитети за 2,6 пати за три години до 400 гигаватчаса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП