24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Xiaomi“ ги надмина очекувањата за профит

„Xiaomi“ ги надмина очекувањата за профит

Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ објави тримесечен профит што ги надмина прогнозите на аналитичарите, откако компанијата се справи со недостигот на компоненти, зголемувајќи ја својата продажба за време на напорната празнична сезона, објави „Bloomberg“.

Прилагодената нето добивка се зголеми за 40% на 4,47 милијарди јуани (702 милиони долари) во последните три месеци од 2021-ва година. Аналитичарите очекуваа просечни 4,2 милијарди јуани, според податоците собрани од „Bloomberg“. Приходите од продажба се зголемија за 21% до 85,6 милијарди јуани, над просечните прогнози од 81,5 милијарди јуани.

Третиот по големина производител на паметни телефони во светот успеа да ја зголеми својата светска продажба за 3,9% во кварталот до крајот на декември, поддржан од модели со подобрени камери и софтвер. Конкурентите – од „Apple“ до „Oppo“ – изгубија позиции откако глобалната продажба падна за 3,2% во тој период, според „International Data Corp“.

„Xiaomi“ се соочи со постојан недостиг на компоненти и флуктуирачки цени на производството во втората половина на 2021-ва година.

Руската инвазија на Украина го попречи бизнисот на компанијата во странство, иако влијанието може да биде „управливо“, велат аналитичарите на „Citigroup“, Андре Лин и Артур Лаи.

„Продажбата на паметни телефони на „Xiaomi“ во Русија би можела да падне за 3 милиони во 2022-ва година како резултат на девалвираната рубља, логистичките проблеми и финансискиот стрес меѓу клиентите во земјата“, велат тие.

Кон крајот на декември, компанијата со седиште во Пекинг ја надгради својата производна линија за паметни телефони за да ги вклучи најновите чипови на „Qualcomm“, сензорите за камерата на „Sony Group“ и оперативниот систем базиран на „Android“. Најскапиот модел беше по цена од околу 5.000 јуани – приближно колку и „iPhone 13 mini“. „Xiaomi“, исто така, размислува да ја користи Индија како производствен центар за да го прошири своето влијание.

„Проширувањето на линијата на премиум смартфони може да го поддржи продажниот микс и да добие поголем удел на пазарот за уреди од висока класа“, рече Стивен Зенг, аналитичар во „Bloomberg Intelligence“, пред финансискиот извештај.

„Намалувањето на недостигот на компоненти и изградбата на мобилни мрежи од следната генерација на пазарите во развој, исто така, ќе го стимулира растот“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП