21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДваесет и осмиот ден војна во Украина: Западот подготвува нови санкции против...

Дваесет и осмиот ден војна во Украина: Западот подготвува нови санкции против Русија, уништена е лабораторијата во Чернобил

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не ја исклучи можноста Русија да употреби нуклеарно оружје, но, како што рече, само доколку се загрози нејзиното постоење.

Пентагон изјавата ја оцени како непромислена, наведувајќи дека одговорна нуклеарна сила не се однесува на тој начин.

Според западните разузнавачки агенции, напредокот на Русија сè уште е во застој, додека трупите на рускиот претседател Владимир Путин заземаат одбранбени позиции во нивните напори да ги опколат големите украински градови.

Околу 100.000 жители на Мариупол сè уште се заробени во тој стратешки пристанишен град на Азовското Море, на чие освојување Русија ги насочи своите напори. Околу 7.000 жители на Мариупол беа спасени во вторникот, според зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Се очекува САД да објават нови санкции против Москва кога американскиот претседател Џозеф Бајден ќе отпатува во Брисел во четврток на разговори со партнерите од НАТО и лидерите на Г7. На тој собир, како што е најавено, треба да се обрати и Зеленски преку видео врска.

Ројтерс јавува, повикувајќи се на неименувани извори, дека САД и западните земји ја разгледуваат можноста за исфрлање на Русија од Г20.

Украинските власти велат дека Зеленски ќе ја искористи можноста да побара дополнителни системи за противвоздушна одбрана.

Украинските власти тврдат дека руските војници кои ја држат нуклеарната централа во Чернобил ја „ограбиле и уништиле“ тамошната лабораторија, која, според нив, преработувала многу радиоактивен отпад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП