26 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на „Nike“ се движат кон најголемиот квартален пад од 2008-ма

Акциите на „Nike“ се движат кон најголемиот квартален пад од 2008-ма

Во индустријата под притисок од забрзаната инфлација, „Nike“ страда повеќе од многу други играчи, а влијанието на војната во Украина и проблемите со синџирот на снабдување ја доведуваат цената на акциите до најлошото тримесечје во 2008-ма година.

Од почетокот на годината вредноста на хартиите од вредност падна за 22% откако инфлацијата почна да влијае на расположението и портфолијата на потрошувачите. Компанијата ќе ги објави своите финансиски резултати за третиот квартал по затворањето на тргувањето во понеделник.

Недостигот од производството, а особено доцнењата во транспортот, го прават извештајот „тежок за предвидување“, вели аналитичарот на „Morgan Stanley“, Кимберли Гринбергер.

Дури и ако компанијата пријави поуспешен квартал, неизвесноста за причините за нејзините лоши резултати во Кина, потенцијалниот ефект од руската инвазија на Украина и нивото на акции може да продолжат да вршат притисок врз цените на акциите.

Аналитичарот на „BofA Securities“ Лорејн Хачинсон неодамна ја намали својата прогноза за заработка по акција за фискалните 2022-ра и 2023-та година, наведувајќи ги ранливостите поврзани со Русија и Источна Европа, како и нестабилноста поврзана со Ковид-19 во Кина.

Сепак, аналитичарите продолжуваат позитивно да гледаат на „Nike“. 28 од нив препорачуваат купување акции во компанијата, седум велат за задржување на досега купените акции, а само еден препорачува продажба, според податоците собрани од „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП