19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ патентирал „Galaxy“ со екран околу целиот телефон (ФОТО/ВИДЕО)

„Samsung“ патентирал „Galaxy“ со екран околу целиот телефон (ФОТО/ВИДЕО)

„Samsung“ направи огромен чекор напред кога го претстави својот прв мобилен уред на преклопување – „Samsung Z Fold“. Сега, тие продолжуваат да иновираат во индустријата со патентирање на нов „Galaxy“ уред со екран кој ќе го обвиткува целиот уред, од сите страни, во 360 степени.

Иако не е прв, бидејќи првиот мобилен уред од овој тип беше „Xiaomi Mi Mix Alpha“, претставен пред две години, мобилниот уред патентиран од „Samsung“ го подобрува концептот на „Xiaomi“ со елиминирање на линијата од задниот дел на екранот за системот за камера и поместување до лентата над екранот, со што на корисниците им се обезбедува првиот вистински телефон со екран од 360 степени.

Според „LetsGoDigital“, по претставувањето на првичниот дизајн за овој тип на мобилни уреди во 2018-та година, „Samsung“ сега патентирал понапреден дизајн со непречен екран.

Во текот на јули минатата година, „Samsung“ поднел барање за патент за слични уреди до „USTPO“, т.е. Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД.

Сега, има нов патент кој целосно се фокусира на таканаречениот „wrap-around“ екран, т.е. екран кој го обвиткува целиот уред, а сето тоа има поддршка за „S-Pen“. Според информациите презентирани во патентната документација, графичкиот дизајнер Парвез Кан претставил неколку 3Д рендери кои даваат подетален и јасен приказ на она што „Samsung“ планира да им го претстави на корисниците во одреден момент во иднината.

Првото нешто што го гледате е голем флексибилен екран кој ги покрива предната и задната страна на уредот, како и страници за уникатен и континуиран приказ. Релативно широката рамка на уредот ги крие камерите и сензорите, додека копчето за вклучување е на врвот, бидејќи од страната поради екранот нема простор за копчињата.

Дополнително, патентната документација претставува и други софтверски решенија, како што се различни функционалности за интернет прелистувачот, апликациите за пораки, галерија, фотографии и многу други. Имено, сите овие апликации би можеле да го користат екранот од двете страни на уредот на различни начини, како галерија во која би се прикажале сите фотографии на едната и една зголемена фотографија на другата.

Понатаму, документацијата ја наведува потенцијалната интеграција на холограми и/или проектори во такви уреди, каде што „3D“ сликите ќе се прикажуваат во просторот над уредот со помош на светлосни пречки. Меѓу другите карактеристики, има безжично полнење на уредот и „USB-C“ на дното на уредот.

Сето ова звучи и изгледа навистина импресивно, но засега не е познато кога и дали „Samsung“ планира да претстави вакви мобилни уреди. Дали би сакале да го видиме, да, но нема да бидеме сигурни дали ќе добиеме шанса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП