6 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИТесла започна да доставува на клиентите возила произведени во Германија

Тесла започна да доставува на клиентите возила произведени во Германија

Денеска Тесла ќе им го испорача на клиентите првиот автомобил Model Y произведен во гигафабриката од пет милијарди евра во Груенхајд, која е првиот европски производствен центар на Тесла и најголема инвестиција во германска фабрика за автомобили во поновата историја.

На церемонијата ќе присуствува германскиот канцелар Олаф Шолц заедно со извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој се надеваше дека овој момент ќе се случи пред осум месеци, но локалните власти велат дека дојде релативно брзо за проект од оваа големина, пренесува Ројтерс.

Со план за вработување на 12.000 работници, германската гигафабрика и фабрика за батерии ќе стане најголемиот работодавач во покраината Бранденбург, каде што се наоѓа германското седиште на компанијата.

Со полн капацитет, фабриката ќе произведува 500.000 автомобили годишно, што е значително повеќе од главниот конкурент на Фолксваген, кој продаде 450.000 електрични возила на батерии ширум светот минатата година. Дополнително, втората германска фабрика на Тесла ќе произведува 50 гигават-часови (GWh) автомобилски батерии, повеќе од која било друга фабрика во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП