21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтено ембарго тешко ќе ја погоди ЕУ, за разлика од САД

Нафтено ембарго тешко ќе ја погоди ЕУ, за разлика од САД

Официјална Москва предупреди дека Европа ќе биде силно погодена во случај на ембарго на руската нафта, бидејќи тоа би го нарушило енергетскиот баланс на континентот, додека таквата одлука нема ефект врз САД.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за новинарите дека прашањето за каква било забрана за увоз на руска нафта е многу сложена тема.

Според Ројтерс, владите на ЕУ ќе размислат за воведување ембарго на нафта поради руската инвазија на Украина, кога ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден оваа недела на серија состаноци со цел зајакнување на западните санкции против Москва.

Во обид да го принуди рускиот претседател Владимир Путин воено да се повлече од Украина, ЕУ заедно со западните сојузници, веќе воведоа серија рестриктивни мерки за Москва, вклучително и замрзнување на средствата на руската централна банка.

„Работиме на петтиот пакет санкции и се предложени многу нови имиња“, изјави високиот дипломат на ЕУ за Ројтерс, кој сакаше да остане анонимен, бидејќи разговорите не беа отворени за јавноста.

Како што е најавено, владите на Унијата ќе започнат со консултации на ниво на министри за надворешни работи, пред Бајден да пристигне во четврток во Брисел на самит со сојузниците на НАТО, како и со членките на ЕУ и во форматот на Групата седум (Г7), во која е исто така и Јапонија.

Дипломати за британската агенција изјавија дека балтичките членки бараат ембарго на нафта, како следен логичен чекор, додека Германија предупредува дека не треба да се дејствува пребрзо поради и онака високите цени на енергенсите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП