30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДваесет и седми ден војна во Украина: САД тврдат дека „Путин е...

Дваесет и седми ден војна во Украина: САД тврдат дека „Путин е турнат до ѕид“, Зеленски повикува на преговори

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Путин е „турнат до ѕид“ во Украина и дека размислува да употреби хемиско и биолошко оружје.

Белата куќа исто така предупредува дека Русија би можела да изврши сајбер напади врз САД како одговор на санкциите. Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека неговата земја успеала да го запре напредувањето на непријателските сили, украинската армија наведува дека Русија го зголемила своето „воздушно присуство“ во Украина во последните 24 часа. Зеленски уште еднаш го повика Путин да преговара за да ја „запре војната“ во Украина.

Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и покажуваат дека и самиот руски претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден, не наведувајќи докази.

„Путин е турнат до ѕид и сега изнесува нови лажни тврдења дека ние во Америка имаме биолошко, како и хемиско оружје во Европа, а тоа едноставно не е точно“, рече Бајден на деловна тркалезна маса.

„Тие исто така сугерираат дека Украина има биолошко и хемиско оружје. Тоа е јасен знак дека размислува да ги користи и двете“, рече Бајден.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот вечерта инсистираше на потребата од средба „во каква било форма“ со неговиот руски колега Владимир Путин со цел да се „запре војната“ во Украина.

„Верувам дека без оваа средба, невозможно е целосно да се разбере што тие (Русите) се подготвени да направат за да ја запрат војната“, рече Зеленски за Суспилне, регионалните државни медиуми на Украина.

Зеленски, кој рече дека „без преговори војната нема да запре“, веќе неколку пати повика на средба со Путин, но особено беше упорен во понеделникот.

Сепак, тој предупреди дека Украина не може да „прими никаков ултиматум од Русија“.

Во интервју за Суспилне Зеленски рече дека секој компромис постигнат во преговорите со Русија ќе биде ставен на референдум во Украина.

Тој се осврна и на прашањето за членството на Украина во НАТО.

„Сите веќе го сфативме тоа. Тие не не прифаќаат во НАТО, бидејќи тие (земјите-членки) се плашат од Русија. А ние мора да се смириме и да кажеме: „Во ред, ќе бидат потребни други безбедносни гаранции“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП