19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски со порака до Русите: „Ви загинаа 14.000 луѓе, а вие не...

Зеленски со порака до Русите: „Ви загинаа 14.000 луѓе, а вие не забележувате

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на Русите дека „телата на нивните војници лежат на боиштата во Украина и дека никој не ги презема“.

Во видео порака објавена во неделата рано наутро, тој ги праша руските граѓани „како не забележуваат колку нивни сонародници загинаа во агресијата против Украина“.

– Во жариштата на особено тешките битки, првите линии на нашата одбрана се преплавени со тела на руски војници, рече тој, повторувајќи дека 14.000 руси биле убиени во инвазијата на неговата земја во видео порака објавена во неделата рано наутро.

-И никој не ги зема тие тела.

Тој рече дека може да разбере дека Русија има речиси бескрајни резерви на војници и воена опрема, но дека тоа не го оправдува помирувањето со загубите.

-Но, би сакал да знам, граѓани на Русија, што се случи со вас што не ги забележувате вашите загуби? Тоа се 14.000 мајки, 14.000 татковци, сопруги, деца, роднини, пријатели – а вие не забележувате?“

Тврдењата на Украина за бројот на загинати руски војници не се потврдени, ниту е можно, ниту може да се избројат воените загуби на Украина, кои лидерите на земјата ги процениле на околу 1.300 војници пред околу една недела.

Досега Москва потврди само околу 500 жртви меѓу своите сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП