19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„VW Group“ известува за бум кај електричните возила

„VW Group“ известува за бум кај електричните возила

Групацијата „VW“ известува за силна побарувачка за електрични автомобили, што ќе овозможи не само зголемување на обемот на производство, туку и профитабилност. Ова го изјави главниот финансиски директор на концернот Арно Антлиц, цитиран од „Bloomberg“.

Главниот финансиски директор откри дека поголемиот дел од електричните автомобили на групацијата „VW“ се распродадени до 2023-та година, додека другите модели кои сѐ уште се достапни ќе треба да чекаат долго време. Според Антлиц, профитабилноста на електричните автомобили се подобрува побрзо од првично очекуваното, а главната причина е големата побарувачка.

„Гледаме поголем обем на производство, гледаме подобри маржи, гледаме голема побарувачка од клиентите. Првично мислевме дека ќе бидат потребни две до три години за да ја усогласиме продажбата на електричните автомобили со оние на моторите со внатрешно согорување, но работите брзо се менуваат“, објаснува Антлиц.

Во 2021-ва година, „VW Group“ продаде околу 762.400 електрифицирани возила, вклучително и „plug-in“ хибриди, што претставува зголемување од 81% во однос на претходната година. Целосно електричните модели се 452.900 (зголемување од 95,5% на годишна основа).

Сепак, има некои лоши вести за групата, вклучително и зголемувањето на цените на суровините за батериите. Како резултат на тоа, „VW Group“ може да биде принудена да ги зголеми цените на електрични возила, признава финансискиот директор на групацијата.

Големиот проблем доаѓа на врвот на недостигот на полупроводници и проблемите со синџирот на снабдување поврзани со руската инвазија на Украина. Во нападнатата земја има 17 постројки за полупроводници (само Романија и Мароко имаат повеќе во регионот), а тие не работат. И ќе бидат потребни речиси 2 месеци за да започне дополнително производство во други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП