29 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОд НАСА велат дека и покрај се, соработуваат со „руските пријатели и...

Од НАСА велат дека и покрај се, соработуваат со „руските пријатели и колеги“ во вселената

Во последниот месец светот целосно се промени. Дотогаш главната преокупација на светот беше пандемијата на коронавирус, а токму кога се чинеше дека работите во светот ќе почнат да се нормализираат, Путин започна напад врз Украина, предизвикувајќи верижна реакција на санкции против Русија, повлекување на големите компании од таа земја, замрзнување на руските средства.

Тензијата се чувствува и далеку од Земјата, на Меѓународната вселенска станица, каде руски и американски астронаути поминуваат време заедно.

Кога почнаа санкциите и забраните на западните земји против Русија, соработката на ISS дојде во прашање, па првиот човек на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, дури се закани дека станицата од 500 тони ќе падне во САД или Европа. Исто така, откажано е лансирањето на сателитите на британската компанија, кои требаше да летаат во орбитата со рускиот Сојуз, а Европската вселенска агенција ја суспендираше на неодреден период мисијата ЕгзоМарс, во која соработуваа со Роскосмос.

По сето ова, се поставува прашањето за сегашната и идната соработка меѓу НАСА и Роскосмос. Особено во пресрет на враќањето на американскиот астронаут Марк Ванда Хеи од Меѓународната вселенска станица, бидејќи тој треба да се врати на Земјата со руска ракета.

Ако може да му се верува на администраторот на НАСА, Бил Нелсон, и покрај се што вели Рогозин, не би требало да има проблем. Имено, Нелсон вели дека Рогозин веќе соработувал со американците и дека повремено има некои вербални испади, но „тоа е само Дмитриј Рогозин“, додека тие имаат професионален однос со други луѓе од руската вселенска програма.

И покрај сè, горе во вселената, можеме да имаме соработка со нашите руски пријатели, нашите колеги, коментира Нелсон и рече дека работите на Земјата не влијаеле на професионалниот однос меѓу астронаутите и космонаутите на станицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП