26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонечно финализиран договорот помеѓу „Amazon“ и „MGM“

Конечно финализиран договорот помеѓу „Amazon“ и „MGM“

Џејмс Бонд веќе е вработен во „Amazon“. Технолошкиот гигант го финализираше договорот од 8,5 милијарди долари за купување на „MGM“, домот на серија филмови за Џејмс Бонд и едно од најлегендарните филмски студија во историјата на Холивуд.

Овој потег има за цел да ја зајакне позицијата на компанијата во индустријата за забава и во исто време да и обезбеди на стриминг услугата „Amazon Prime Video“ уште повеќе содржини. Договорот треба да му овозможи на „Amazon“ да ги предизвика своите конкуренти, како што се „Netflix“ и „Disney+“, на суперконкурентниот пазар за стриминг, пишува „CNN Business“.

Договорот, првично објавен во мај, ги става „MGM“ и неговите повеќе од 4.000 филмови и 17.000 ТВ серии под капата на „Amazon“. Најпопуларниот филм е серијалот за Џејмс Бонд, кој генерирал милијарди долари во последните 60 години. Последниот филм од серијата „Смртта може да чека“ заработи повеќе од 770 милиони долари ширум светот од неговото прикажување во кината во октомври.

Договорот беше финализиран без приговор од Федералната трговска комисија (FTC), а исто така доби „амин“ и од антимонополската управа на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП