26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрчки "Интракат": Со измислени долгови „Бетон Штип“ ја блокира изградбата на болницата...

Грчки “Интракат”: Со измислени долгови „Бетон Штип“ ја блокира изградбата на болницата во Штип

„Бетон Штип“, пропаднатата градежна фирма на бизнисменот Орце Камчев ја кочи изградбата на новата штипска клиничка болница, велат од грчката градежна компанија „Интракат“, изведувач на проектот.

„Интракат“, која освен во нашата земја, стои зад големи проекти и во Романија, Полска, Кипар, Албанија, до јуни следната година ќе ја завршат Клиничката болница во Штип, велат за Локално.

“Периодов се соочуваме со доста предизвици, како Ковид пандемијата, неизвесноста со војната во Украина, но градежните активности се одвиваат според планираното”. Според нив, голем кочничар на целиот проект е „Бетон Штип“, која како подизведувач ја напуштил изградбата на болницата во 2018 година, а со која имаат судски спор.

„Бетон Штип имаат неосновани, измислени побарувања, базирани на фалсификат документи, а за самата судска постапка воопшто не се ни надлежни судовите во Северна Македонија“ – велат од компанијата. „Договорот што е склучен меѓу „Интракат“ и „Бетон Штип“ има арбитражна клаузула, што значи дека за сите спорови, надлежен е арбитражниот суд во Париз, а не македонските судови, што неотповикливо го одлучи судот Скопје во ноември 2019 година. Но и покрај тоа, „Бетон Штип“ пред домашните судови, поведува граѓанска постапка, за наводен долг од страна на „Интракат“ и ја блокира сметката на македонската подружница на „Интракат“, а постапката и сослушувањето се води без присуство на „Интракат“. Оттогаш „Интракат“ се обидува преку законски процедури да ја врати својата целосна оперативност, но и покрај сите веќе наведени опструкции, продолжуваме со непрекината градба“ – посочуваат од грчката градежна компанија.

„Бетон Штип“ преку манипулативни информации во јавноста се обидува да прикаже дека дури и редовните тековни плаќања за градежните активности се незаконски и дека „Интракат“ има долгови кон други македонски фирми, на што грчката градежна компанија остро реагира, велат од грчки Интракат.

„Ова е целосно неосновано обвинување без никакви докази, сè со цел свесно да се наруши имиџот на нашата компанија. Одговорно тврдиме дека нашата компанија нема долг кон ниеден добавувач или вработен во Северна Македонија. Тврдењето на „Бетон Штип“ дека тие имаат побарување до нас од околу 2,8 милиони е фиктивна бројка, која се заснова на фалсификувани документи. Штом „Интракат“ ја прекина соработката со „Бетон Штип“, издаде корпоративна гаранција. „Интракат“ дури и плати 100% од трошоците. На проектот секојдневно работат повеќе од 100 лица, од кои 30 се вработени во „Интракат“ и добиваат редовни месечни примања, како и повеќе од 15 кооперанти. Нашата компанија редовно плаќа даноци, а ние немаме долг кон никого“ – велат од „Интракат“ за Локално.

Комерцијален текст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП