6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа светскиот ден на рециклирање Пакомак не потсетува за важноста од...

На светскиот ден на рециклирање Пакомак не потсетува за важноста од селектирање отпад и негово рециклирање

Амбалажниот отпад кој не го селектираме и несвесно го фрламе најчесто завршува во дивите депонии. Таму скапува, се создаваат бактерии и штетни организми кои брзо се размножуваат, се претвораат во отрови кои навлегуваат длабоко во земјата и кои со протокот на подземните води и водата од дождовите ја загадуваат почвата, вклучително и земјоделските површини кои се во близина, па и пошироко.

Затоа денес на светскиот ден на рециклирање „Пакомак”, потсетува за важноста од селектирање на отпадот како прв чекор кон негово рециклирање, и поздрава и одржлива животна средина.

Минатата година преку системот на Пакомак се собрани над 23.000 тони различен отпад од пакување што е над  20% од сите количини отпад од пакување кои што се генерира на годишно ниво во земјава!

Од Пакомак се свесни дека овој процес треба да биде континуиран, никогаш да не престане и масовно да се практикува, односно секое домаќинство да го селектира и селективно одложува амбалажниот отпад, секоја компанија која е општествено одговорна да се приклучи кон одговорен систем, кој професионално функционира, а државата ревносно да надгледува и реагира.

Здравата животна средина е неповратен ресурс, а еколошкото однесување е императив за сите. Граѓаните да селектираат, компаниите да плаќаат за отпадот кој го создаваат, а еко инспекторите ревносно да реагираат и по потреба да казнуваат.

Со секое неселективно фрлање на отпад, влијаеме на загадувањето и придонесуваме отровните води да дојдат во допир со зеленчукот и овошјето што го јадеме и со водата што ја пиеме, што претставува причина за многу болести. Депониите се сериозна опасност за заедницата, сметаат од Пакомак компанија кој веќе години наназад  го прифати предизвикот да едуцира и да влијае на развивање на еколошката свест во нашата земја.

Пакомак има одлична соработка со 339 општини, во кои живее над 75% од населението во Република Македонија, каде се уредно поставени сините, жолтите и зелените контејнери за селективно собирање на хартија, пластика и стакло. Дел од нејзиниот систем се општествено најодговорните македонски компании. Дополнително компанијата соработува со над 1500 објекти (хотели, ресторани и кафулиња) од кои редовно собира стаклена амбалажа и овој број од година во година расте. Редовно иницира едукативни кампањи, а изминатата година ги постави и првите вендинг машини, со кои создаде дополнително подобрени услови за селектирање на отпадот.

На светскиот ден на рециклирањето, Пакомак сака да им се заблагодари на сите кои правилно постапуваат со отпадот и се грижат за животната средина.  Пакомак  ќе продолжи да ги негува долготрајните соработки со клиентите и со државата согласно европските регулативи – да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП