10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААнонимуси ги хакираа руските камери и пренесуваа во живо

Анонимуси ги хакираа руските камери и пренесуваа во живо

Хакерската група Анонимус беше првата што му објави војна на Владимир Путин, откако тој изврши инвазија на Украина пред 22 дена. МЕта им беа граѓаните на Русија, чии камери ги хакирале, а сега секој може да ѕирне што се случува на руските улици, ресторани, деловни простории …

Хакерите упаднале и во надзорните камери на семејните куќи, па цел свет можел да погледне во домовите на руските цивили, но подоцна се предомислиле и решиле да го отстранат пристапот до овие камери за да ја заштитат приватноста на луѓето.

На страницата што ја поставија за оваа намена и ја нарекоа „Зад непријателските линии“ – во живо ја опишаа нивната цел да ја освестат руската нација за тоа што се случува во Украина и да им кажат дека државната пропаганда им го пере мозокот.

-Речиси 150 милиони Руси не ја знаат вистината за причините и текот на војната во Украина. Нив ги храни пропагандата од Кремљ. Во Русија нема слободни медиуми, а интернетот е цензуриран. Имаме можност да се обидеме да им пренесеме директна порака на луѓето во поробената земја, ги објаснуваат Анонимуси причините за покревањето на страницата. Им порачуваат на Русите дека цел свет ќе им помогне доколку решат да се борат со диктаторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП