27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдна акција на „Berkshire Hathaway“ сега чини повеќе од половина милион долари

Една акција на „Berkshire Hathaway“ сега чини повеќе од половина милион долари

Оваа година Ворен Бафет е еден од големите победници. Неговиот конгломерат „Berkshire Hathaway“ е идеално позициониран во време на високата инфлација и големата побарувачка за енергија.

Тоа влијаеше и на цената на акцијата. Хартиите од вредност од класа А поскапеа четири последователни дена и покрај сите превирања на пазарот и за прв пат излегоа од тргување во средата по цена од над 500.000 долари, пишува германски „Handelsblatt“.

Акциите на „Berkshire“ веќе пораснаа за 11% во оваа година и сега чинат 504.400 долари. Спротивно на тоа, поширокиот индекс „S&P 500“, со кој сака да се споредува 91-годишниот инвеститор, падна за девет отсто.

За време на пандемијата и во годините пред тоа, компанијата со седиште во Омаха, Небраска, не успеа да се натпреварува со технолошките компании кои беа особено популарни во тоа време. Но, во време на висока инфлација и зголемување на каматните стапки, „Berkshire Hathaway“ е во идеална позиција.

Групата вклучува, меѓу другото, индустриски и енергетски оддел. „Berkshire“ има портфолио на акции од 350 милијарди долари во кое „Apple“ ја држи најголемата позиција со огромна разлика.

Концернот има и парични резерви од 146,7 милијарди долари. Бафет, кој е и извршен директор и шеф на инвестиции, неодамна значително го зголеми својот удел во нафтената компанија „Occidental Petroleum“, кој сега вреди околу 7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП