29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Cineworld“ нагло ја намали годишната загуба

„Cineworld“ нагло ја намали годишната загуба

Британскиот оператор на киносали „Cineworld“ предвидува подобри перформанси во оваа година благодарение на акумулираната побарувачка и комплетната листа на филмови, откако пријави помала загуба во 2021-ва година, поддржана од успехот на „Spider-Man: No Way Home“ на „Marvel“, пренесува „Reuters“.

Вториот по големина оператор со киносали во светот изјави дека очекува да има корист од претстојното прикажување на новите филмови од „Аватар“ до „Топ Ган: Маверик“ и неколку други од универзумот на „Marvel“.

Иако враќањето на филмските посетители и успехот на „Спајдермен“ му помогнаа на „Cineworld“, доцнењето на снимањето и објавувањето филмови се предизвик за компанијата, бидејќи има растечки долг од околу 8,9 милијарди долари и потенцијална казна од неколку милиони долари во спорот со канадскиот „Cineplex“.

„Cineworld“ работи со повеќе од 9.000 екрани во 10 земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство. Нејзините кина примија 95,3 милиони луѓе во 2021-ва година, што претставува зголемување од 75% во однос на претходната прва пандемиска година.

И покрај зголемувањето, тој број останува далеку под 275 милиони луѓе кои се собраа во кината на „Cineworld“ пред пандемијата со Ковид-19.

„Нашите силни перформанси во изминатиот квартал ја одразуваат акумулираната побарувачка за прифатлива забава надвор од домот и филмски рекорди, вклучително и „Spider-Man: No Way Home“, што ја нагласува важноста од лансирање на нови филмови“, рече извршниот директор Муки Грајдингер.

Загубата на компанијата пред оданочување се намали на 708,3 милиони долари за годината што заврши на 31-ви декември, од 3,01 милијарди долари во 2020-та година, кога започна пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП