3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА515 е новиот „обичен“ телефон на Nokia

515 е новиот „обичен“ телефон на Nokia

Nokia-515-camera-jpg_thumb

Продажбата на паметните телефони ја надмина продажбата на „обичните“, но голем број на луѓе и натаму ги користат.

„Nokia“ вчера го претстави „Nokiа 515“, телефон на кој многу внимание е посветено на дизајнот, па тој е сместен во алуминиумско куќиште со „Gorilla Glass 2“ екран кој е малку заоблен и е со дијагонала од 2.4 инчи.

Телефонот ќе биде достапен во црна и бела боја, а што се однесува до дизајнот тој малку потсетува на „Xperiа Z“. Дебелината на овој уред е 11 милиметри. Доаѓа со камера од 5 мегапиксели и „LED“ блиц, а поддржува и неколку начини на снимање.

Уредот поддржува и работа со 3G мрежите, а ќе биде достапен и во „dual SIM“ верзија. Телефонот се темели на „S40“ платформата, а на неа се наоѓаат инсталирани апликации за „mail“, „browser“, како и за „Twitter“ и „Facebook“. Сепак веројатно најинтересна работа е траењето на батеријата. Како што истакнуваат од финската компанија верзијата со една „SIM“ картичка во „standby“ може без полнач да преживее до 38 дена!

Продажбата почнува во септември во Русија, Швајцарија и Полска, а веднаш потоа и во останатите земји. Според информациите цената пред даноците и давачките би требало да изнесува 115 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП