Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2021 година, македонските домаќинства должат 216 милијарди 241 милиони денари или околу 3,5 милијарди евра на македонските банки. Задолжувањето на граѓаните во 2021 година е зголемено за 7,2 отсто во однос на претходната година.
Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 108 милијарди 893 милиони денари или 1,77 милијарди евра.

