7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои банки граѓаните ги штедат своите пари

Во кои банки граѓаните ги штедат своите пари

Според објавените податоци од Народната банка за 2021 година, граѓаните на нашата земја ги зголемиле своите заштеди во банките и покрај пандемијата.

Во 2021 година, од вкупниот износ на штедни влогови на граѓаните, 265 милијарди денари или 85,57 отсто се депонирани во петте најголеми банки, а 44 милијарди денари или 14,43 отсто во останатите осум банки(средни и мали банки).

Најголемата депозитна банка е Комерцијална банка АД Скопје во која граѓаните депонирале 91,4 милијарди денари. Комерцијална банка е најголема депозитна банка и за приватните компании кои во банката депонирале депозити во износ од 32,8 милијарди денари.

Во Стопанска банка АД Скопје граѓаните депонирале 66 милијарди денари штедни влогови.

Трета по големина на штедни влогови е НЛБ Банка АД Скопје со износ од 62 милијарди денари.

Во Шпаркасе банка износот на штедните влогови на граѓаните е 23,40 милијарди денари, а во Халк Банка 22,2 милијарди денари.

Останатите 44 милијарди денари граѓаните ги депонирале во среднтие и малите банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП