7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UniCredit“ размислува за повлекување од Русија

„UniCredit“ размислува за повлекување од Русија

Втората по големина италијанска банка, „UniCredit“, итно го ревидира своето работење во Русија и може да одлучи да се повлече од земјата по руската инвазија на Украина.

Ова го соопшти извршниот директор на банката Андреа Орсел, цитиран од „Reuters“.

Говорејќи на финансиската конференција на „Morgan Stanley“, Орсел рече дека одлуката е комплицирана и одзема многу време поради потребата да се поддржат вработените во локалните банки и европските компании кои исто така се обидуваат да ја напуштат земјата.

„Размислуваме за повлекување, но очигледно треба да ги балансираме сложеноста и последиците од работите што ќе ги направиме таму“, рече Орсел.

„Поголемиот ефект ќе биде во земјата. Тоа се 4.000 луѓе и јас ги гледам како колеги, како и 1.250 европски компании кои имаат канцеларии на маркетите каде што сме присутни и очекуваме да ги придружуваме“, додава директорот.

Орсел рече и дека економското опкружување е променето поради кризата во Украина и дека банката веќе претпоставува дека ќе има стагфлација.

„UniCredit“ минатата недела посочи дека целосниот отпис на неговите операции во Русија, вклучително и прекуграничната изложеност, ќе ја чини околу 7,4 милијарди евра. Орсел, исто така, предупреди дека кризата ја подигна границата за зделки за спојувања и превземања, имајќи предвид дека „UniCredit“ сега ќе мора да го користи вишокот капитал, делумно за да го ублажи ударот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП