5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска дизелот поевтин за 3 денари, цената на бензинот останува иста

Од денеска дизелот поевтин за 3 денари, цената на бензинот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која, како што посочуваат од таму, се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 2,50% во однос на вчерашната одлука.

Според ова решение, цената на еуродизел (Д-Е V) се намали за 3 денари за литар, додека цената на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 2 и пол денара.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат, односно остануваат на истото ниво.

Така, од денеска максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Бензин еуросупер БС -95 / 86,50 (денари/литар)
Бензин еуросупер БС -98 / 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво / 85 (денари/литар)
Екстра лесно масло (ЕЛ-1) / 81 (денар/литар)
Мазут М-1 НС / 59,299 (денари/килограм)

Од РКЕ воедно потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива можат да ги формираат цените и на пониско ниво од највисоките утврдени цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП