24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Prada“ ги потврди своите цели по силниот почеток во 2022-ра

„Prada“ ги потврди своите цели по силниот почеток во 2022-ра

Италијанската модна куќа „Prada“ ги потврди своите среднорочни цели за раст по „силниот почеток“ во 2022-ра година. Сепак, компанијата предупреди дека војната во Украина ќе ги направи неизвесни сите претпоставки за идните перформанси.

Претходно овој месец, „Prada“ објави дека ја затвора малопродажбата во Русија по инвазијата на Украина. Овој потег уследи откако Европската унија и САД воведоа серија остри санкции за руската економија поради нападот.

Рускиот пазар е одговорен за околу 2 отсто од продажбата на „Prada“ во 2021-ва година, соопшти компанијата во понеделникот.

Заработката пред камати и даноци (EBITА) минатата година скокна на 489 милиони евра од 20 милиони евра една година порано. Ова е значително над 307 милиони евра во 2019-та година – пред почетокот на пандемијата, како и очекувањата на аналитичарите за 429 милиони евра.

„Почетокот на 2022-ра година беше силен за „Prada“. Нашата долгорочна стратегија се одвива според планот“, изјави главниот извршен директор Патрисио Бертели. Тој, исто така, е уверен дека компанијата ќе ги исполни своите среднорочни прогнози, иако „тешко е да се предвиди ефектот на украинскиот конфликт врз светската економија“.

Групацијата со седиште во Милано и Хонг Конг соопшти дека ќе понуди дивиденда од 7 евроценти по акција, со коефициент на исплата од 61%.

Во јануари, модната куќа објави дека продажбата достигна ниво пред пандемијата од 3,36 милијарди евра во минатата година.

Во ноември, групацијата објави среднорочна цел на приходите од 4,5 милијарди евра и рече дека целта е оперативна добивка од 20% од вкупната продажба на среден рок.

Минатата година, оперативната добивка беше 14,5% од вкупната продажба, што е пораст од 9,5% во 2019-та година

„Prada“ беше во средината на кампањата за зголемување на продажбата кога се појави кризата со коронавирусот, принудувајќи ги трговците на мало да ги затворат продавниците и да го прекинат профитабилниот прилив од туристите.

Но, како и другите луксузни брендови, „Prada“ се опорави од пандемијата благодарение на склоноста на потрошувачите да се препуштат на производи со висока класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП