19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот „Apple Mac Pro“ се очекува во септември

Новиот „Apple Mac Pro“ се очекува во септември

На неодамнешниот настан на „Apple“ беше објавен „Studio“, нов компактен компјутер наменет првенствено за професионалци кои се занимаваат со креирање содржина. Сепак, она што беше најинтересно кај овој компјутер е процесорот кој ќе го краси – „M1 Ultra“.

Имено, „Apple“ го создаде најновиот чип од својата серија „М1“ со поврзување на два „M1 Max“ процесори и со тоа на корисниците им донесе невидена процесорска моќ. Затоа е многу интересно да се види како „Apple“ ќе го подобри најмоќниот компјутер во својата понуда – „Mac Pro“.

Засега и „Mac Pro“ и „Mac Mini“ користат „Intel x86“ процесори. Сепак, според „Expreview“, можно е „Apple“ да развива сосема нова линија на процесори наречена „Redfern“. Овие процесори ќе ја користат истата технологија за поврзување на два чипови за да добијат многу помоќно решение. Во овој случај, тоа би можело да биде поврзување на два „M1 Ultra“ процесори за да се добие чип што има 40 јадра (32 јадра „перформанси“ и 8 јадра „ефикасност“) како и поддршка за 256 GB унифицирана меморија со мала латентност. Овие процесори се очекува да се појават во септември, како дел од новата линија на компјутери „Mac Pro“.

Ова се совпаѓа со претходните наводи дека се очекува „Apple“ да користи сопствени чипови во новите „Mac Pro“ компјутери. Во тоа време, наводното кодно име за новата серија процесори беше „Jade 4C-Die“, а исто така се очекуваше да има вкупно 40 јадра. Значи, можеби „Redfern“ е само ново име за „Jade 4C-Die“.

Засега нема дополнителни информации, но сигурни сме дека новиот „Mac Pro“ сигурно ќе биде моќен компјутер за професионалци кои, исто така, сигурни сме, ќе имаат малку повисока цена. Исто така, новата технологија за поврзување со чипови остава простор за некои многу интересни и брзи решенија. Не знаеме како ќе изгледа, но веруваме дека ќе биде многу интересно да го видиме на крајот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП