28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„YouTube“ ја исклучува „Vanced“ апликацијата

„YouTube“ ја исклучува „Vanced“ апликацијата

„YouTube Vanced“, апликацијата која на корисниците им обезбедуваше „повеќе од YouTube“, официјално ќе биде затворена за неколку дена.

Зад тоа стои фактот дека „Google“ испрати писмо до корисниците на „Vanced“ дека го откажуваат проектот, што ги принуди програмерите да престанат да ја дистрибуираат и развиваат апликацијата.

„Укинат е „Vanced“. Врските за преземање ќе бидат отстранети во наредните денови. Знаеме дека ова не е нешто што сакате да го слушнете, но тоа е нешто што треба да го направиме. Ви благодариме на сите што не поддржувавте низ годините“, напиша тимот кој стои зад „Vanced“ на „Twitter“.

Ситуацијата накратко ја коментираше и еден од администраторите на „Vanced“ за „The Verge“, велејќи дека од нив било побарано да ги отстранат сите референци на „YouTube“ и да го променат логото и да ги отстранат сите линкови до производите на „YouTube“.

Тимот на „Vanced“ забележува дека апликацијата ќе продолжи да работи на веќе инсталирани уреди со „Android“, но бидејќи нема да има повеќе ажурирања, најверојатно, велат тие, ќе застари за околу две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП