2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ16 дена војна: Русите го киднапираа градоначалникот на Мелитопол

16 дена војна: Русите го киднапираа градоначалникот на Мелитопол

Шеснаесеттиот ден од инвазијата на Украина е зад нас. Руските сили го зазедоа градот Волноваха и ги гранатираа Днепар и Луцк. Од почетокот на агресијата, 2,5 милиони жители ја напуштија Украина, а уште два милиони се протерани од своите домови. Најмалку 1.582 цивили во градот Мариупол загинаа во гранатирање за време на 12-дневната блокада, соопштија украинските власти.

Утрово нешто пред шест часот се регистрирани воздушни напади врз градовите Луцк и Днепар, на истоимената река Днепар. Во Днепар мета беа станбени области.

Украинските власти соопштија дека најмалку едно лице е убиено. Во воздушните напади беше погоден и западниот град Ивано-Франковск.

Новите сателитски снимки покажуваат дека огромна руска воена колона се наоѓа во близина на Киев.

Во нападот на руската армија на Чернихив е оштетен стадионот „Јуриј Гагарин“, како и зградата на Библиотеката, соопштија од регионалната управа.

Русија загубила повеќе од 12.000 војници за 16 дена, според Вооружените сили на Украина.

Украина ја обвини Русија за кршење на меѓународното право бидејќи го киднапирала градоначалникот на Мелитопол, украински град кој падна под контрола на руските сили за време на инвазијата на Украина, објави Ројтерс. Украинските власти соопштија дека градоначалникот Иван Федоров бил киднапиран откако бил лажно обвинет за тероризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП