А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата соработка со првата македонска национална видео-стриминг платформа Gley и ја информира јавноста дека отвара уште една можност за своите корисници да пристапат до богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии на едно место, сите преведени на македонски и албански јазик.
Со оваа соработка, сите постпејд А1 корисници на мобилните и фиксни услуги добиваат ексклузивна можност да пристапат до атрактивните содржини на Gley со активирање на Glеy Standard пакетот за месечна претплата од само 299 денари месечно и тоа да ги следат Gley содржините на 2 уреди истовремено или да го активираат Gley Family пакетот и за 399 денари месечна претплата да гледаат на 4 уреди истовремено. Дополнително, сите кои ќе активираат еден од двата пакети добиваат период од 7 дена бесплатно следење на Gley содржините.

