25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ е блиску до одобрување на договорот меѓу „Amazon“ и „MGM“

ЕУ е блиску до одобрување на договорот меѓу „Amazon“ и „MGM“

„Amazon“ се очекува да добие безусловно антимонополско одобрение од Европската унија за купување на американското филмско студио „MGM“ во вредност од 8,5 милијарди долари, изјавија извори на „Reuters“. Овој потег ќе ја зголеми конкуренцијата со стриминг играчи како што се „Netflix“ и „Disney+“.

Договорот, објавен минатиот мај, ќе ја поддржи услугата за видео стриминг на „Amazon“ со привлекување луѓе да се претплатат на „Amazon Prime“, кој нуди брза испорака и ги поттикнува потрошувачите да купуваат поредовно.

Купувањето на „MGM“ ќе му ги даде на најголемиот светски онлајн трговец на мало за правата на филмовите за Џејмс Бонд – една од најуспешните франшизи во историјата на кинематографијата, која генерира речиси 7 милијарди долари во глобалниот бокс-офис, според „MGM“.

„MGM“, исто така, лиценцира содржина за видео игри што може да биде од корист за напорите на „Amazon“ во оваа област.

Европската комисија, која има рок до 15-ти март да се произнесе за договорот, одби да коментира.

„Завршувањето на трансакцијата е предмет на регулаторни одобренија и други вообичаени услови за затворање на договорот, а ние работиме со регулаторите за да ги исполниме барањата“, соопшти „Amazon“.

Федералната трговска комисија исто така се приближува до крајниот рок до средината на март за одлучување за спојувањето, според извор запознаен со ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП