Една од најпопуларните социјални мрежи во светот утрово мистериозно престана да работи, додека илјадници корисници пријавуваат проблеми со работата на апликацијата.
По неодамнешниот пад на Spotify, TikTok денес доживеа прекин за илјадници корисници ширум светот. Според веб-страницата „Down Detector“, која ги следи проблемите во работата на популарните мрежи и сервиси, досега се пријавени над 6.000 извештаи за проблеми со работата на најбрзо растечката социјална мрежа во светот.

