29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Aramco“ е на чекор да го престигне лидерот „Apple“

„Aramco“ е на чекор да го престигне лидерот „Apple“

Пазарната капитализација на саудискиот нафтен гигант „Saudi Aramco“ рапидно расте, намалувајќи ја разликата со американската технолошка компанија „Apple Inc.“ во трката за титулата највисоко оценето јавно претпријатие во светот.

Заработувајќи од највисоките цени на нафтата од 2008-ма година, акциите на „Aramco“ пораснаа за 15% за помалку од три недели, што и дава пазарна капитализација од повеќе од 2,3 трилиони долари. Во меѓувреме, акциите на производителот на „iPhone“, „Apple“ паднаа за 9% во оваа година, намалувајќи ја неговата берзанска вредност на околу 2,6 трилиони долари.

Иако „Aramco“ е сè уште повеќе од 10% под вредноста за првото место, брзиот пораст на цените на енергијата поради санкциите против руската нафта ја зголемува веројатноста за нејзино превземање на лидерската позиција.

„При цена на нафтата од 130 долари за барел, добивката на „Aramco“, која треба да биде објавена подоцна овој месец, ќе ја зголеми и ќе му овозможи на нафтениот гигант да ја зголеми својата дивиденда“, изјави аналитичарот Мазен ал-Судаири од „Al Rajhi Capital“.

Последен пат „Aramco“ беше компанија со најголема пазарна капитализација во светот во септември 2020-та година, но таа титула ја задржа за кратко време. Оттогаш, првото место го зазема „Apple“, освен неколку недели во октомври и ноември минатата година, кога послабите од очекуваното финансиски перформанси на „Apple“, софтверскиот гигант „Microsoft Corp.“ се најде на прво место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП