28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche“ го прекина производството

„Porsche“ го прекина производството

„Porsche“ е првиот автомобилски бренд кој целосно ќе го запре производството на сите модели.

Поради ескалацијата на конфликтот во Украина, германската автомобилска индустрија се соочува со дополнителни искушенија. По кризата предизвикана од недостигот на полупроводници, новонастанатата ситуација во Украина целосно го наруши снабдувањето со делови.

Посебно е погодена групацијата „Volkswagen“, која веќе започна со суспензии во производството на одредени делови, вклучително и модели на автомобили, а причината е недостигот на делови.

Ниту „Porsche“ не е поштеден, па овој месец постепено ќе го прекине производството на своите модели, што наскоро би можело да значи целосен прекин на производството.

Додуша, ова е веројатно привремен прекин на производството, но секако ќе ги продлабочи проблемите со понудата на автомобили на пазарот. Од друга страна, натамошната ескалација на конфликтот може да значи подолг прекин на производството, бидејќи во моментов не е познато како да се надминат проблемите со снабдувањето од областите зафатени од војна.

Овој план го потврдија и од „Porsche“. Нивниот портпарол потврди за магазинот „Motor1“ дека производството во фабриката во Лајпциг престанало на 2-ри март и дека машините во Цуфенхаузен сѐ уште работат.

„Во наредните денови и недели работиме на краткорочна основа и постојано ја проценуваме ситуацијата“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, оваа вест доаѓа само неколку дена откако „Porsche“ објави дека ја прекинува испораката на автомобили во Русија, каде што има 26 продажни центри и има годишна продажба од 6.262 автомобили, според податоците за 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП