28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕден производител доминира на листата на најпопуларни телефони во 2021 (ИНФОГРАФИК)

Еден производител доминира на листата на најпопуларни телефони во 2021 (ИНФОГРАФИК)

„Counterpoint Research“ ја објави својата листа на 10 најпродавани телефони за 2021-ва година, а „Apple“ доминира на листата со 7 од 10 уреди.

„iPhone 12“ на „Apple“ беше најпродаваниот уред во 2021-ва година, пред „12 Pro Max“ и „iPhone 13“, кој беше најпродаван уред во четвртиот квартал од 2021-ва година. „iPhone 12 Pro“ е на четврто место, а потоа следи лидерот од 2019-та година, „iPhone 11“.

„Samsung“ и „Xiaomi“ беа единствените преостанати брендови на Топ 10 листата, па „Galaxy A12“ се рангираше на шестото место, а по него е „Xiaomi Redmi 9A“, додека „Redmi 9“ се најде на десеттото место.

„iPhone SE 2020“ на „Apple“ беше осми најпродаван уред во 2021-ва година, додека „iPhone 13 Pro Max“ се најде на деветтото место. Топ 10-те најпродавани телефони сочинуваат 19% од вкупната глобална продажба и забележаа три проценти зголемување во однос на вредностите во 2020-та година.

Не се очекува ништо друго освен продолжување на овој тренд, бидејќи „Apple“ бележи рекордни количини на продадени модели од серијата „iPhone 13“, а штотуку е претставен новиот „iPhone SE“. Новиот „SE“ нуди стар дизајн со модерен хардвер, од кој се издвојува чипот „A15 Bionic“.

Што се однесува до другите производители, едноставно поради бројот на модели што ги презентираат годишно, речиси е невозможно да се доближат до првите места. Единствената опција во која тоа би било можно би било да се претстави ултра евтин уред со одлични спецификации, но проблемот овде е економската исплатливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП