30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрадинарскиот центар ФОЈА го одбележува својот 17-ти роденден со бројни поволности

Градинарскиот центар ФОЈА го одбележува својот 17-ти роденден со бројни поволности

Едно од најубавите чувства е задоволството кое доаѓа од чинот дека сме засадиле растение! Чувство на хармонија со природата, на нешто добро и убаво, разубавувајќи го простор околу нас. Понекогаш е тоа само еден цвет или грмушка, едно дрвце или цела една градина. Што и да посадиме ќе ја поттикне нашата блискост со растението, грижата за неговиот развој и плодот од неговиот цут. Зеленото го облагородува просторот, а урбаното добива визура на свежина. Секој избор е добар, но притоа треба да знаеме кое растение какви услови сака. Сенка, сонце, помалку вода, повеќе простор, може да се одгледува во саксија или не…

Во градинарскиот центар ФОЈА, кој овој месец обележува 17 години од своето постоење, ќе добиете одговори на сите прашања, а овој период можете да купите растенија по поволни цени, бидејќи во тек се неколку продажни акции. Овошни садници – 100 ден / парче (јаболки, круши, сливи, цреши, праски, кајсии, вишни). И малини и капини – 60 ден парче.

Исто така, има и online giveaway – 17 пакети по 5 од најпродаваните садници (Тhuja Smaragd, Палма, Лаванда, Lagerstroemia и Пирамидален чемпрес )
– за кој може да учествувате online – на следниот➡ линк

Меѓу другите може да купите и Туја, Фотинија, Лаванда, Индиски јоргован, Чемпрес, Јапонски јавор, Леиланди и многу други растенија кои воодушевуваат со својот изглед. Фоја кој се наоѓа на Бул. Борис Трајковски бр. 152 А (поранешна Првомајска) тел. 277 20 46; 078 362 097.

Затоа, веќе денес прошетка до ФОЈА. Зошто да немате убаво среден двор или тераса! Побрзајте во ФОЈА, по вашето омилено растение.

А за сите посетители, имаме и роденденски подарок- садница бреза или чемпрес!

Најздравите и најдолговечните луѓе во светот се занимаваат со градинарство!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП