4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Danone“ ќе се стреми кон повеќе спојувања и превземања

„Danone“ ќе се стреми кон повеќе спојувања и превземања

Производителот на храна „Danone“ предвидува помали маржи и повеќе преземања и продажби на делови од бизнисот, додека новиот извршен директор Антоан де Сен-Африка се обидува да ја преврти компанијата, која се бори со стагнација околу една деценија, пишува „Bloomberg“.

Де Сен-Африка планира да ги зголеми инвестициите во клучните брендови за да го поддржи растот што ќе влијае на профитабилноста во оваа година, соопшти компанијата. Цената на акциите на компанијата падна за околу 2,6% на најниско ниво од 2012-ра година.

Новиот извршен директор, кој претходно работеше во „Unilever“ и го предводеше производителот на чоколади „Barry Callebaut“, ја претстави долгоочекуваната стратегија по незадоволството на акционерите што доведе до смена на неговиот претходник од функцијата во минатата година.

„Danone“ соопшти дека ќе стане поактивен во спојувања и превземања и има за цел да промени околу 10% од бизнисите во своето портфолио на приходи преку преземање средства и продажба. Компанијата се обидува да се справи со брендовите со слаби перформанси што ги поседува и да стекне клучни средства во нејзините веќе постоечки категории.

Оттаму велат дека нејзината оперативна маржа ќе биде над 12% во 2022-ра година, што значи дека ќе го достигне најниското ниво во повеќе од една деценија. Се очекува приходите да пораснат за 3 до 5 проценти на годишна основа до 2024-та година.

Околу една четвртина од приходите од продажба на „Danone“ се генерирани од проблематичните бизниси, им рече извршниот директор на инвеститорите, ветувајќи дека ќе го реши проблемот.

Овие брендови ги вклучуваат „Chinese Mizone“, кој продава вода со вкус и „Horizon Organic“, кој продава млечни производи.

Производителот на јогуртот „Activia“ ја заврши 2021-ва година со најбрз раст на кварталните приходи од продажба во последните седум години. Подобрувањето изгледа краткотрајно, бидејќи предизвиците на инфлацијата и синџирите на снабдување може да се влошат со војната во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП