20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ“Витаминка” со повисоки приходи и добивка за 2021 година

“Витаминка” со повисоки приходи и добивка за 2021 година

“Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2021 година оствари нето-добивка на износ од 52.034 илјади денари.

Остварените единечни вкупни приходи за 2021 година изнесуваат 3.048.395 илјади денари и во споредба со остварените во 2020 година бележат пораст од 18 %. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2020 година за извештајниот период бележат пораст од 18%.

Остварените единечни вкупни расходи за 2021 година изнесуваат 3.085.793 илјади денари и во споредба со остварените во 2020 година бележат раст од 22 %. Растот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за  2021 година за извештајниот период и континуираниот раст на цените на репроматерјалите во меѓународни рамки.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП