20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Mastercard“ и „Visa“ ги прекинаа операциите во Русија

„Mastercard“ и „Visa“ ги прекинаа операциите во Русија

Компаниите „Mastercard“ и „Visa“ ги прекинуваат операциите во Русија поради воениот напад врз Украина, објави „АР“. Двете компании велат дека разговараат за мерките за одговор со нивните партнери, клиенти и влади.

Како резултат на одлуките, банкарските картички издадени од руски банки нема да се одржуваат во мрежата на „Mastercard“, а картичките издадени надвор од Русија нема да може да се користат во руските продавници и банкомати. „Visa“ наведува дека работи со клиентите и партнерите во Русија за да ги прекине сите трансакции во наредните денови.

„Принудени сме да дејствуваме по неиспровоцираната руска инвазија на Украина и неприфатливите настани на кои сме сведоци“, се вели во соопштението на „Visa“.

„Ова не е одлука што ја зедовме лесно“, додава „Mastercard“.

Одлуката може да предизвика финансиска штета за двете компании – Русија учествува со 4% во профитот на „Mastercard“ во 2021-ва година, активностите на клиентите од Украина со околу 2%. Во последната фискална година, околу 4% од профитот на „Visa“ беше поврзан со активностите на руските клиенти направени во и надвор од Русија. Украина е одговорна за околу 1% од профитот.

„Ова е војна и последователната закана за мирот и стабилноста не тера да дејствуваме во согласност со нашите принципи“, коментираат од „Visa“.

Соопштенијата на двете компании беа објавени во рок од 16 минути едно по друго. Тие најверојатно се земени по видео-обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред американскиот Конгрес, пренесува „АР“. Во него тој побара двете компании да ја прекинат работата во Русија.

Минатата недела, двете компании објавија дека преземаат активности за ограничување на финансиските институции од нивните мрежи, кои се суштински дел од финансискиот платен систем.

Од почетокот на воената инвазија на Украина, руската рубља изгуби околу 1/3 од својата вредност, што ја поттикна инфлацијата во земјата. Последните денови во Русија има долги редици пред банкоматите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП