25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали повисокиот IQ е гаранција за подолг живот

Дали повисокиот IQ е гаранција за подолг живот

Луѓето со зголемениот коефициент на интелигенција (IQ) веројатно ќе живеат подолго, покажа едно истражување на британските научници чија студија е објавена во списанието British Medical Journal.

Научниците ги анализирале податоците собрани во едно шкотско психолошко истражување од 1932 годна, кога истиот ден речиси секој единаесетгодишник во земјата решавал тест на интелигенција, а потоа го следеле животниот век на испитаниците во истражувањето.

Се покажало дека поинтелигентните деца живееле подолго, иако биле исклучени факторите како што се економскиот статус и видовите професии со кои се занимавале. Резултатите се во согласност со некои претходни студии кои покажале поврзаност меѓу квоциентот на интелигенцијата и морталитетот. „Утврдивме дека IQ-то на испитаниците кои почнале пред 1-ви јануари 1997 година бил значително понизок во времето кога имале 11 години, во однос на оние кои тогаш биле живи“, се вели во студијата.

Податоците кои го собрале и анализирале Лоренс Воли од Универзитетот Абердин и Иан Дејри од Универзитетот Единбург, покажале дека изгледите на момчињата со квоциент интелигенција 115, да го доживеат 76-ти роденден биле за 20 отсто поголеми од изгледите на лицата кои во истиот период имале IQ – 100, што е општ просек.

Научниците уште не се сигурни што е причината за тоа, меѓутоа повеќе од 20 лонгитудинални истражувања, студии кои опфаќаат долг временски период, имале слични резултати.

За тоа постојат неколку хипотези. Според првата, поинтелигентните лица попрво ќе го врзат безбедносниот појас во автомобилот, ќе изберат поздрава храна, избегнуваат пушење и ќе се занимаваат со физички вежби. Со други зборови, попаметните се подобри во избегнувањето на работите кои би можеле да им го скусат животот. Според втората хипотеза, повисокиот IQ е знака на посилна телесна конституција, односно на организмот и телото кое ќе трае. Станува збор за знакот, а не за причина, истакнуваат научници. Третата хипотеза е дека постои генетска врска меѓу повисоката интелигенција и долговечноста.

Меѓутоа, станува збор за комплицирано научно поле, особено затоа што подобрите резултатите од тестовите на интелигенцијата не мора нужно да бидат одраз на интелигенцијата и може да зависат и од општествената класа, образовните стандарди и другите културолошки разлики. И покрај тоа, врска меѓу IQ-то и должината на животниот век постои, а научниците треба да утврдат зошто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП