29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Gastrade“ поднесе барање до грчкиот енергетски регулатор за лиценца за „LNG“ проект

„Gastrade“ поднесе барање до грчкиот енергетски регулатор за лиценца за „LNG“ проект

„Gastrade“, која гради терминал за течен природен гас (LNG) во близина на Александрополис, поднесе барање до Грчката регулаторна управа за енергетика (RАЕ) за лиценца за нов независен систем за природен гас (INGS), се вели во соопштението на компанијата.

Новиот проект „Thrace INGS“ („Тракија“) ќе се состои од пловечка единица за складирање и регасификација (FSRU) и ќе се спроведува во Егејското Море, крај брегот на Александрополис.

„FSRU“ ќе има капацитет за складирање на „LNG“ од 170.000 кубни метри и ќе може да снабдува максимални 22,7 милиони кубни метри дневно или 5,5 милијарди кубни метри природен гас годишно. Проектот, исто така, ќе вклучи и морски и копнен гасоводен систем што ќе ја поврзе пловечката единица со постоечките копнени гасоводи за природен гас во областа.

Проектот ќе ја зголеми енергетската безбедност и ќе ги диверзифицира изворите и рутите за снабдување со гас во Грција и целиот регион на Југоисточна Европа и значително ќе го намали секој ризик од прекини во снабдувањето.

Проектот за „LNG“ терминал во Александрополис моментално се реализира со план да профункционира до крајот на следната година. Проектот е вклучен во Грчката оперативна програма „Конкурентност, претприемништво и иновации 2014-2020“.

Главни акционери во „Gastrade“, со еднакви акции од по 20%, се Елмина Копелузу, „GasLog Cyprus Investments Ltd“, „DEPA Commercial SA“, бугарскиот оператор „Булгартрансгаз“ ЕАД и грчкиот оператор „DESFA SA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП