7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропските логистички компании го прекинаа снабдувањето за Русија

Европските логистички компании го прекинаа снабдувањето за Русија

Најголемите европски логистички компании го прекинаа снабдувањето за Русија, дополнително изолирајќи ги бизнисите и потрошувачите во земјата по инвазијата на Украина, пишува „Bloomberg“.

„DHL“ и „Kuehne + Nagel AG“, најголемите превозници на континентот, објавија дека ги прекинале дојдовните испораки во земјата. Ова е уште една тешкотија за економијата на земјата откако Москва го затвори својот воздушен простор за летови од земјите на Европската унија во реципрочен потег по сличен пример од Брисел. Водечките контејнерски компании исто така го ограничуваат своето работење во Русија.

„Нашите дојдовни услуги во Русија и Белорусија се суспендирани, поради што ние исто така не прифаќаме испораки во овие земји до понатамошно известување“, се вели во соопштението на „DHL“ во средата. Компанијата, која е дел од „Deutsche Post AG“, испорачува вакцини и други материјали против коронавирусот во Русија.

Испораките од Европа во Русија сѐ уште се можни по копнен пат, но се вршат од сè помал број помали компании, изјави портпаролот на германското логистичко здружение „DSLV“. Тој рече дека поголемите компании со операции во САД и загриженоста за нивната меѓународна репутација одбија да транспортираат стоки.

Руската инвазија на Украина минатата недела предизвика одговор од голем број бизниси. Потрошувачите во 145 милионската Русија ќе изгубат пристап до голем број брендови како „Apple“, „Nike“, „BMW“.

Наспроти ова, транспортните гиганти „A.P Moller-Maersk A/S“ и „MSC Mediterranean Shipping Co.“ објавија и дека го затвораат регионот. Тие се приклучуваат на „Hapag-Lloyd AG“ и на „Asian Ocean Network Express Pte“, кои исто така се повлекуваат од земјата.

„Maersk“, која контролира околу 17% од светската товарна флота, соопшти дека ќе стори сé што е можно за да испорача стока што веќе е на вода до нивните дестинации. Суспендирањето на испораките ќе ги опфати и поморскиот и копнениот товар, соопшти компанијата, која неодамна ги прошири своите железнички услуги во Русија.

„Hapag-Lloyd“ минатата недела објави дека го суспендира прифаќањето на нарачки за украинскиот товар и воведува привремен прекин на испораките од и до Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП