26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали ќе се скрши? (ВИДЕО)

Дали ќе се скрши? (ВИДЕО)

Дојде време најновиот телефон „Samsung Galaxy S22 Ultra“ да се тестира за издржливост.

Зак Нелсон, од популарниот „YouTube“ канал „JerryRigEverything“, го објави својот најнов тест за издржливост, а овој пат во неговите раце се најде телефонот „Samsung Galaxy S22 Ultra“.

Премиум уредот на „Samsung“ ги помина тестовите на гребење, палење на екранот и конечно свиткување.

И покрај користењето „Gorilla Glass Victus +“ заштита, екранот на телефонот „Galaxy S22 Ultra“ е изгребан на вообичаеното шесто ниво на скалата на Мос, со подлабоки засеци на седмото ниво.

Целосната рамка на телефонот е изработена од метал и најчесто се гребе со сечило од нерѓосувачки челик. Метални се и копчињата на телефонот, како и крајот на „S Pen“.

Кога сме кај „S Pen“, ниту тоа не го избегна тестот, а како помина можете да видите во придружното видео.

Најважниот дел од овој неофицијален тест е издржливоста. „Samsung Galaxy S22 Ultra“ не покажува знаци на деформација или виткање под силен притисок на рацете.

Телефонот со голем успех го поминува тестот за издржливост на популарниот јутјубер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП