17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВртоглав раст на цените на енергенсите поради западните санкции кон Русија

Вртоглав раст на цените на енергенсите поради западните санкции кон Русија

Енергетскиот шок вчера ги потресе европските берзи, што е последица на конфликтот во Украина и санкциите што Западот ги воведува кон Русија.

Цената на гасот го собори рекордот на сите времиња, скокајќи повеќе од 500 долари за само неколку часа од почетокот на тргувањето. Во некои земји на ЕУ, синото гориво надмина 3.000 долари за 1.000 кубни метри. Цената на гасот е 2.226 долари на Лондонската берза и холандскиот центар ТТФ. Очигледно се остварија прогнозите на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, направени на 22 февруари, по прекинот на сертификацијата на „Северен тек 2“.

“Добредојдовте во новиот свет каде што Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за гас” – изјави тогаш Медведев.

Цената на американската нафта WTI во претходните часови скокна на највисоко ниво од 2013 година. Утринава нејзината цена е повисока за 4 отсто и изнесува 114 долари. Истовремено, европската нафта брент ја надмина цената од 116 долари за барел, што е ниво кое не е забележано од јули 2014 година. Вчера, да потсетиме, барел брент скокна за 12 долари, а денеска за дополнителни четири.

Русија, инаку, е еден од најголемите снабдувачи со енергенси во светот. Таа е втор најголем извозник на сурова нафта на планетата, по Саудиска Арабија, и најголем извозник на природен гас, далеку пред второпласираниот Катар. 40 отсто од вкупните испораки на гас и 30 отсто од испораките на нафта во Европа пристигнуваат од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП