1 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа за EUR/USD 29.08.2013

Техничка анализа за EUR/USD 29.08.2013

Како што предвидовме во претходните анализи EUR/USD почна да паѓа и моменталната цена е на првиот отпор 1,3310.

Како резултат на новите економски податоци во еврозоната кои се незадоволителни но и исчекувањето на евентуалниот напад на САД над Сирија со што се зголемува побарувачката за американскиот долар еврото во однос на доларот или EUR/USD забележува остар пад и очекуваме сеуште да паѓа.

EUR/USD падна до 1,3310 кој е и прво ниво на отпор, после пробивањето на триаголната формација која ја анализиравме во вчерашниот ден, така да по пробивот на цената испод долниот крак на триаголникот цената се здоби со надолен тренд, а следниот отпор најверојатно ќе наиде на цена 1,3265.

Според нивоата на Фибоначи доколку цената продолжи да паѓа, наше предвидување е дека би достигнала минимална цена до нивото 78,8% или 1,3265 и подолу доколку се пробие најниското дно на цена од 1,3225 цената најверојатно ќе продолжи интензивно да паѓа се до 127% на Фибоначи или 1,3140.

Доколку сте продаеле на Форекс пазарот од највисоката точка 1,3440 со големина од 1 Лот  при моменталната цена 1,3318 ова утро, вашиот профит би изнесувал 1260 долари, а доколку цената сеуште се спушти профтите би биле значително поголеми.

eurusdh4_29_8

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП