30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден најави удар врз руските олигарси: Путин нема поим што го чека!

Бајден најави удар врз руските олигарси: Путин нема поим што го чека!

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја осуди инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, предупредувајќи дека ќе следат нови казнени мерки за Москва. Тој ја опиша руската инвазија како прва обединувачка битка во новата борба на демократијата против тиранијата.

„Вечерва им велам на руските олигарси и корумпираните лидери кои собраа милијарди долари од овој насилен режим, нема повеќе“, рече Бајден во своето обраќање во вторникот вечерта по локално време. Тој најави формирање на нова работна група во рамките на Министерството за правда која ќе ги истражува руските олигарси, објави Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека ќе работи со европските партнери за да ги пронајде и одземе „нивните јахти, луксузни апартмани и приватни авиони“.

„Доаѓаме по вашиот незаконски стекнат имот“, рече Бајден.

Соединетите Држави, исто така, го затворија својот воздушен простор за руските авиони, приклучувајќи им се на голем број земји кои воведоа слични мерки минатата недела, кои „понатамошно ќе ја изолираат Русија“, рече Бајден.

Алудирајќи на Путин, тој рече дека „нема поим што е следно“.

„Путин предизвика насилство и хаос. Но, иако можеби успева на бојното поле, тој, од друга страна, ќе плати висока цена на долг рок“, рече Бајден.

Тој додаде дека одговорот на американскиот народ и членовите на Претставничкиот дом на руската инвазија е причина за самодоверба кога станува збор за соочување со кризата.

Тој оцени и дека американскиот народ е подготвен за задачата пред себе за да го задржи светот обединет против автократијата.

„Сега е моментот на одговорност. Нашиот тест на решителност и совест, самата историја. Во овој момент се формира нашиот карактер. Најдовме цел. Нашата иднина е искована“, рече Бајден на крајот, додавајќи дека тој ја познава својата нација.

„Ќе го положиме тестот. Да ја заштитиме слободата, да ги прошириме правдата и можностите. Ќе ја зачуваме демократијата. Колку и да се тешки овие времиња, денес сум пооптимист за Америка отколку што некогаш сум бил“, рече Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП