20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергенсите вртоглаво растат: Цената на нафтата достигна 110 долари за барел, гасот...

Енергенсите вртоглаво растат: Цената на нафтата достигна 110 долари за барел, гасот 1.500 долари

Цената на нафтата „брент“ на лондонската берза надмина 110,3 долари за барел, првпат од август 2014 година, покажуваат податоците на берзата.

Цената на фјучерсите на VTI се зголеми за 4,57 отсто на 107,98 долари за барел.

И цената на гасот продолжува да расте – априлските фјучерси во Европа достигнаа речиси 1.500 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на Лондонската берза.

Како што изјави за весникот „Известија“ економскиот експерт Оксана Лукичева, цените на европскиот пазар на гас ќе останат високи и во наредните месеци.

Според неа, на европскиот пазар на гас е забележлив краткорочен скок на цените. Сепак, тие нема да пораснат многу во наредните месеци, доколку не дојде до некои големи промени, како што е прекинот на финансирањето или плаќањето за испорака на гас.

Во тој случај пазарот најверојатно ќе се смири поради почетокот на пролетта која започна порано од вообичаено. Но, без оглед на намалувањето на сезонската побарувачка, цената на гасот нема да падне поради намалувањето на испораките на гас од Русија, посочи Лукичева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП