4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Oppo“ ги надмина сите во полнењето на батеријата (ВИДЕО)

„Oppo“ ги надмина сите во полнењето на батеријата (ВИДЕО)

Можностите за брзо полнење на уредот значително се зголемуваат од година во година, а сега „Oppo“ воведе нови достигнувања на ова поле.

Пред некое време, корисниците исто така би биле задоволни со полнење од 30 W, а сега опциите за полнење над 100 W станаа норма за многу брендови на телефони.

„Oppo“ сега ја демонстрираше својата претстојна технологија за полнење, со брзина од 240 W. Според наводите, оваа технологија е способна до половина да ја наполни батеријата од 4.500 mAh за помалку од три и пол минути, додека батеријата да ја наполни до 100 проценти за девет минути.

Технологијата сѐ уште не е подготвена за комерцијализација, бидејќи компанијата работи на подобрување на работниот век и густината на батеријата.

За време на настанот „Mobile World Congress 2022“, „Oppo“ исто така ја претстави својата најнова технологија за полнење од 150 W. Компанијата истакнува дека новото полнење „SuperVOOC“ од 150 W ќе биде поддржано од „Battery Health Engine“. Брзиот полнач од 150 W може лесно да наполни батерија од 4.500 mAh до 50% за само пет минути, додека се полни до 100% за 15 минути.

Поддршката за полнење „SuperVOOC“ од 150 W прво ќе се појави на претстојните уреди на „OnePlus“, кои се очекуваат во вториот квартал од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП