НЛБ Банка Скопје започнува промотивна кампања за НЛБ Станбените кредити, во рамките на која организира наградна игра „НЛБ за млади“. Наградната игра започнува од 1.03.2022, а ќе трае до 31.05.2022 година и нејзин главен фокус се токму младите на возраст до 40 години кои имаат желба да го решат своето станбено прашање. Со наградната игра Банката ќе додели 50 парични награди на износ од 20.000 денари кои ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал за времетраење на наградната игра.
„Свесни сме колку е важно да ја поддржиме помладата категорија клиенти кои се одлучуваат да започнат своја станбена приказна со купување на нов дом. Ова е важна животна одлука од која сакаме да сме дел и сакаме да застанеме зад младите, не само како нивна сигурна банка која од чекор во чекор ќе ги следи низ процесот, туку и да бидеме нивни партнери и дополнително да им го олесниме купувањето на новиот стан или куќа“, велат од Банката.

