12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГД Гранит АД прокнижи висока добивка за 2021 година

ГД Гранит АД прокнижи висока добивка за 2021 година

ГД Гранит АД за периодот Јануари-Декември 2021 година оствари добивка на износ од 667.937 илјади денари и е речиси пет пати повисока добивка во однос на претходната година.

Вкупната сеопфатна добивка изнесува 667.936 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 489.024 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во периодот до 31.12.2021 година.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Декември 2021 година изнесуваат 4.961.307 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат зголемување за 12%.

Приходите од продажба за периодот Јануари – Декември 2021 година изнесуваат 4.651.578 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат зголемување за 15%. Зголемувањето се должи пред се на фактот дека во оваа година активно се работеше на неколку нови проекти започнати во тековната година.

Финансиските приходи за периодот Јануари – Декември 2021 година изнесуваат 77.582 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат намaлување за 2%.

Вкупни расходи

Остварените единечни  вкупни расходи во периодот Јануари – Декември 2021 година се во износ од  4,779,973 илјади денари,  споредено  со истиот период 2020 година бележат зголемување за 10%.

Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 4% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали за изградба како и недостигот и доцнењата во нивна испорака.

Трошоците за вработени и останатите трошоци од работењето исто така се зголемени во однос на претходната година за 2% и 17% респективно, пред се како резултат на зголемување на износите на минималната плата и останатите административни оперативни расходи.

Трошоците за услуги се зголемени во однос на претходната година за 19% како резултат на зголеминиот износ на трошоци за подизведувачи кои директно зависи од обемот на извршени работи.

Во периодот Јануари – Декември 2021 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 178,913 илјади денари, што споредено  со истиот период 2020 година бележи зголемување за 174%. 

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП